Дневен хороскоп за ЧЕТВРТОК: Среќа за едни знаци, расправии за други

Добивај вести на Viber

Овен

Среќата денес ќе биде на ваша страна. Во љубовта ќе бидете задоволни и инспирирани. Ќе добиете голема емотивна поддршка од партнерот.

Бик

Се обидувате да го одредите вашето место во друштвото, но не сте баш задоволни од она што го гледате. Не дозволувајте нечие однесување да ве испровоцира на погрешна емоционална реакција.

Близнаци

Овој ден ќе ви донесе многу интересни моменти. Оние кои се слободни, нека очекуваат интересно познанство, човек со кој можеби ќе започнат врска.

Рак

Може да бидете неуспешни во она што сте го наумиле, но не заборавајте да извлечете важна лекција од тоа. Постои личност за која не признавате дека чувствувате нешто посебно.

Лав

Имате важна улога во животот на пријателите, а денес тоа особено ќе го увидите. Нечие присуство позитивно влијае на вашето расположение.

Девица

Размислете пред да прифатите некоја понуда за забава. Го криете своето емоционално незадоволство поради нечија одлука. Треба да го промените вашиот однос.

Вага

Слободно започнете со иницијатива за која се двоумите долго време. Нема причина да се однесувате премногу воздржано во нечие присуство. Не срамете се од себеси.

Шкорпија

Нема причина за расправија со некој кој нема толеранција и разбирање. Залудно ќе се трудите да се објасните и ќе изгубите време за кое може да направите нешто корисно. Може да ви биде жал доколку го навредите парнерот.

Стрелец

Проверете ги информациите кои доаѓаат до вас, можно е да избрзате непотребно. Верувајте им само на луѓето кои долго ги познавате. Во врска со саканата личност сте загрижени без вистинска причина.

Јарец

Ако внимателно следите што се случува околу вас, ќе дознаете кои ви се вистински пријатели. Партнерот е возбуден за вашиот летен одмор, бидејќи ви подготвува големо изненадување. 

Водолија 

Понекогаш ви е тешко да процените кој ви мисли добро, а кој лошо, но денес ќе се водите според интуицијата. Ќе имате ненадеен состанок со компанија која е многу заинтересирана за вас.

Риби

Направете се што треба за да им докажете на пријателите дека го заслужувате местото најдобар пријател. Вашата љубовна врска ќе влијае на некоја ваша одлука, а тоа не треба да го дозволите.