Дневен хороскоп за петок: Криза во љубовната врска за еден знак
Овен
Воспоставувате одлична комуникација со членовите на вашето семејство. Доколку сте во врска забележувате дека саканата личност се чувствува подобро и дека конечно знае што сака од животот.
Бик
Ве иритираат лошите односи со пријателите. Ви делуваат неодговорно, бидејќи често ги менуваат плановите. Презадоволни сте од врската. Сигурни сте дека наидовте на личност со која може да правите долгорочни планови.
Близнаци
Имате прилив на енергија кој ви помага да се изборите со насобраните проблеми. Саканата личност го одложува состанокот поради обврски што многу ве иритира, но ништо не коментирате.
Рак
Патувањето е успешно и се враќате среќни и задоволни. Комуникацирате со личност со која се уште не ви е дефиниран односот. Се надевате дека тргне во насока за врска.