Дневен хороскоп за петок: Лавот да не брза, рибите ќе се разочараат

Добивај вести на Viber

Овен 
Ова би можел да биде стресен ден, особено ако сте родени во април, а имате големи амбиции. Можно е да сте растргнати помеѓу желбите и реалноста. Она што за вас во моментов е најдобро е да не бидете премногу упорни во докажувањето на правдата и  да не се надмудрувате. Очекувајте повик од една Вага во врска со нова работа. 

Бик 
Ова за вас е ден во кој ќе уживате, ќе се опуштите и нема да размислувате на проблемите. Во вечерните часови закажете ја средбата која долго време ја планирате. Ќе поминете одлично доколку сите ваши размислувања ги поврзете со оптимизмот. 

Близнаци 
Вашите амбиции се насочени како кон успехот, какоа и кон друштвениот живот, но парите ви создаваат проблеми. Се трудите на најдобар начин да заштедите некој денар, но тоа не се случува. Имате одлична соработка со еден Бик и внимавајте да не ја нарушите. 

Рак 
Ќе сфатите дека можете да имате многу поголема корист, ако се воздржите од глупавите коментари кои на некого му одат на нерви. Една Вага или Шкорпија ќе ве предомислат во намерата да инвестирате во некое ваше хоби. Овој период е одличен за вашето време да го поминете во големо друштво. 

Лав 
Постои можност за мали конфликти со некои Близнаци или Девица. Верувате во планот за остварување на подобри односи со соработниците, но не избрзувајте со потезите. Не полемизирајте со некоја Девица во врска со финансии и инвестиции. 

Девица 
Со задоволство ги трошите парите, но не правите реални планови во што да ги вложите. Денес финансиите ќе ви бидат најважни. Внимавајте на големите трошоци што ги создавате, скратете некој од нив. Некоја Вага ќе побара стручна помош од вас. 


Следна страна