Дневен хороскоп за петок: Лавот да не брза, рибите ќе се разочараат

Добивај вести на Viber

Вага 
Ќе прифатите некои обврски за кои реално не сте подготвени, па поради тоа нервозата ќе ве надвладее. Некој ќе посака искрен разговор со вас, но вие нема да најдете време за тоа и поради таа постапка можно е да го загубите кредибилитетот. Постои некое изненадување кое може да биде непријатно за вас. 

Шкорпија 
Иако сте прилично конфузни, преморени и неорганизирани, вие всушност знаете што сакате и што правите. Ќе добиете прилика да разговарате со некој Бик, кој ви е доста близок и од него ќе добиете исклучително вредни совети. Послушајте ги, тој има искрени намери. Внимавајте каде, што и пред кого говорите, можно е вашиот муабет да излезе во јавноста. 

Стрелец 
Одговорете на повикот од личноста која долго време се обидува да стапи во контакт со вас. Без оглед дали таа носи позитивни или негативни вести. Ќе ви бидат потребни самокритични работници кои ќе ви помогнат и вие да успеете да си ги пронајдете грешките. Приватните проблеми средете ги со низок тон, не го покачувајте тонот кон вашите драги лица. 

Јарец 
Верувате дека можете целата околина да ја убедите да постапи на ваш начин. Некој нема да ве сфати сериозно, па ќе си поигра со вашите планови. Неискреноста од блиските лица буквално ќе ве сруши. Денот е премногу напорен за стабилни чекори. Смирете се и почекајте поповолен период. 

Водолија 
Многу убаво ќе се чувствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чувствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. За сите кавги во семејството, вие ќе пронајдете одлично решение. 

Риби 
Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно -финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентименталните односи ви се одлични ве очекува ден исполнет со љубов и разбирање.


Претходна страна