Дневен хороскоп за ПЕТОК: Напорен ден за Овен, среќа за Водолија

Добивај вести на Viber

ОВЕН

Ве очекува напорен ден во кој ќе имате многу дилеми. Важно е добро да анализирате. Се заљубивте во личност која е многу различна од вас. 

БИК

Може да очекувате дека ќе добиете нови идеи кои ќе ви бидат многу значајни за вашата компанија. Ви се допаѓа личност која живее далеку и полека се впуштате во врска на далечина. 

БЛИЗНАЦИ

Обидете се да се посветите на себеси. Важно е да бидете подготвени да избегнете кавги со партнерот. Интересно познанство ве очекува денес. 

РАК

Денес потрудете се да се организирате што подобро можете. Пред вас е период во кој односот помеѓу вас и саканата личност ќе биде заладен, затоа бидете внимателни.

ЛАВ

Денес ќе бидете искрени кон својот партнер и од него барате исто така да покаже дека е подготвен да ви се отвори. Едвај чекате да заминете на одмор и конечно да се оттргнете од работните проблеми.

ДЕВИЦА

Пред вас е шанса да го зголемите кругот на пријатели. Може да очекувате дека нема да бидете задоволни со љубовниот живот. Започнувате да гледате маани на парнерот. 

ВАГА

Можеби наскоро ќе мора да пресечете и да донесете конечна одлука кога станува збор за одморот. На љубово поле ве очекува фаза на несигурности, ни сами не знаете какви емоции се присутни во вас. 

ШКОРПИЈА

Може да очекувате дека денес ќе имате многу обврски и дека ова ќе биде прилично напорен ден за вас. Пред вас е ново познанство кое ќе внесе среќа и радост во вашиот живот. 

СТРЕЛЕЦ

Склони сте кон некои промени во плановите, а тоа денес ќе ги нервира вашите пријатели. Се чувствувате многу осамено и потребна ви е нова љубов. 

ЈАРЕЦ

Може да очекувате остварување на вашите планови и амбиции. Потрудете се да бидете упорни во своите намери. Нова врска е на повидок, уживајте во флертот.

ВОДОЛИЈА

Денес може да очекувате дека конечно ќе ви се насмевне среќата. Ве очекува мирен и хармоничен период со саканата личност. 

РИБИ

Не сте подготвени за нова врска. Постои личност која не сте ја преболеле и на која сѐ уште мислите. Денес најдобро ќе се чувствувате дома, со своето семејство.