Дневен хороскоп за петок: Некој ќе се израдува на добивка од игра на среќа

Добивај вести на Viber

Овен
Овие денови ќе бидете во ситуација да повлекувате правилни потези и да донесувате успешни заклучоци. Занимавајте се со работа поврзана за договори, учење и се што има врска со јавноста. Успехот е очигледен. Ви претстои можност за одлична соработка со некој Рак, внимавајте тој е премногу чувствителен, попуштете му во некои размислувања. 

Бик
Во одлична форма сте. Планетите ве штитат на тој начин што ви испраќаат позитивна енергија и позитивни случувања. Внимавајте да не не се активирате и да ја пропуштите добрата шанса. На работата не можете да се пожалите. Имате премногу обврски и тоа во време кога не е сезона за тоа. Но, ќе заработите добра сума и ќе почнете нови проекти. 

Близнаци
Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Влевате надеж во нешто, но имате погрешна претстава. Се надевате дека ќе ви бидат вратени некои пари кои одамна сте ги позајмиле, но не ги планирајте, тие едноставно ќе доцнат, но затоа игрите на среќа секогаш се тука да ви го кренат расположението. Купете си грепка денес. 

Рак
Поради нешто сте вознемирени, работите не ви се поставени на свое место. Одличен ден за склопување договори и за деловни реформи. Се ќе биде поуспешно отколку што замислувавте. Но, тоа не значи дека финансиите ќе ви бидат сјајни, пробајте да им одолеете на слатките излози од продавниците, и заштедете некој денар. 

Лав
Ќе стекнете нови пријатели кои исклучително многу ќе ја ценат вашата лојалност. Тоа значително ќе ја подобри вашата позиција на работното место. Ќе добиете многу понуди, но не брзајте веднаш да прифатите некоја од нив. Разговарајте со вашето семејство за ризиците на работното место, една Вага ќе ви го даде најдобриот совет околу тоа. 

Девица
Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се нервиравте. Бидејќи наскоро ве очекува прослава, подгответе поголема сума пари. Не земајте слободни денови кога немате реална потреба за тоа, вашите колеги веќе се разлутени, обидете се да дадете поголем напор на работа. 


Следна страна