Дневен хороскоп за петок: Некој ќе се израдува на добивка од игра на среќа

Добивај вести на Viber

Вага
Се наоѓате во состојба на блага емотивна напнатост. Причината за таквото расположение е индивидуална. Многумина од вас претрпеа голем шок, затоа размислувајте за промена на средината. Потрудете се да бидете повеќе толерантни. Не се грижете за финансиските средства, во наредниот период ви се отвараат нови прилики за уште подобра заработка. 

Шкорпија
Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптоварувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо. Разговарајте со вашите соработници, овие неколку дена се најповолниот период за да си ги наместите работите онака како што вам ви одговара. 

Стрелец
Овој ден е многу поволен за исполнување на повеќето желби. Се работи за некакво остварување на целите на деловен план, финализирање на некакви потфати, проекти, нешто што ви е значајно или има големо статусно значење за вас, со помош на пријатели или пак вие ќе им помагате и на нив. 

Јарец
Денес можеби ќе бидете под зголемено ментално и физичко оптеретување. Ќе морате набрзина да завршите се, да обавите неколку телефонски разговори или да обавите повеќе задачи истовремено. Не дозволувајте тоа да ве направи депресивни, бидејќи ако само малку се организирате ќе завршите се навремено. 

Водолија
Денес би можеле да го откриете вашиот скриен талент за пишување или ако веќе сте свесни за тоа би можеле да се изненадите за големината на овој ваш талент. Ќе се најдете во ситуација да ве притиснат обврските поврзани со решавање на некои документи поврзани со финансии. Не се грижете денес се ќе решите брзо и успешно. 

Риби
Работите кои ви се случуваат се одвиваат со голема брзина и затоа потрудете се да бидете присебни колку можете. Обидете се да ја задржите концентрацијата. Во љубовта добро ќе се сложувате со саканото лице и ќе поминете пријатни моменти. Извршете ги службените обврски, бидејќи во спротивно ве очекува ужасно лош ден.



Претходна страна