Дневен хороскоп за ПЕТОК: Среќа и авантура за неколку знаци

Добивај вести на Viber

ОВЕН

Имате шанса да ја обновите старата врска или да најдете заеднички јазик со партнерот. Претчувствувате позитивен исход од случувањата, бидете толерантни.

БИК

Постои можност од некој вознемирувачки настан во вашето семејство, но секако нема да биде многу страшно. Бидете поладнокрвни и обидете се потрезвено да ги решите проблемите.

БЛИЗНАЦИ

Ќе вложувате голем напор за да ја унапредите работата внимавајте тоа на некои колеги не им се допаѓа, па можно е да ви наштетат. Имате голема подршка од саканата личност, а тоа е доста важно во ваки моменти. 

РАК

Моментално е многу чуствителна вашата финансиска состојба. Каде и да се заврите сите бараат пари, а работните проекти за сега доцнат. Па затоа за денеска се советува само трпение. 

ЛАВ

Избегнувајте работи во кои се вртат пари и бидете внимателни со имотот. Што се однесува до љубовта ова е прекрасен ден кој долго ќе го паметите. 

ДЕВИЦА

На работно место ве очекуваат куп работни задачи, повеќето нови, а некои од нив и заостанати од порано. Внимавајте бидејќи партнерот може погрешно да го протолкува вашето однесување. 

ВАГА

Денеска бидете сигурни дека вашите соништа ќе се остварат. Вашата вера во ова е половина победа. 

ШКОРПИЈА

Денеска сте повеќе од убедени во вашата правда. Сепак, тоа не значи дека треба да ги заборавите аргументите.

СТРЕЛЕЦ

Сега е време за учење. Секој ден е нова школа, размислете за тоа што со можете да го пополните своето знаење. 

ЈАРЕЦ

Не ризикувајте овој ден. Многу е важно да бидете свесни за ресурсите што ви се на располагање и да не ги надминувате.

ВОДОЛИЈА

Денеска погледнете се во огледалото со најдобри желби за себе. Треба да ја намалите самокритиката за да се чувствувате подобро. 

РИБИ

Подгответе се за авантура. Прифатете сè да играте за да го направите предизвикот пријатен .