Дневен хороскоп за понеделник: На прагот од млада Месечина, очекувајте „чуден“ ден

Добивај вести на Viber

Иако полниот сјај на Млада Месечина ќе се случува во раните утрински часови на 16 Октомври, таа уште сега има силно влијание. Тоа е така поради изместувањето на некои кардинални планети во сончевиот систем. Токму овој понеделник ќе се почувствуваат вибрации, посебно како оние најосетливите.

Но, сега е вистинското време да се испланираат и постават целите, особено ако нешто треба целосно да се трансформира и да се преземат нови активности. Ненадејни промени може да се појават во областа на финансиите низ целиот свет во земјоделството и во сите области.Секое чудо е можно со овие аспекти. Многу луѓе можат да започнат нов начин на исхрана, трошење пари и енергија во моментов. Симболиката на овој месец е трансформација, стравови, трауми, енергија и многу повеќе позитивни работи, па ако сте негативни, тогаш очекувајте или трансформирајте и оставете го лошото минато зад себе.

ОВЕН

Со вас е сè уште Марс во вашето поле на договори и партнерства, така што поддршката од партнерите е сè уште потребна. Вибрациите употребете ги за создавање на пари. Многу Овни сега работат на нивниот духовен пат, додека некои ќе сакаат да се откажат од сè затоа што имаат многу труд и борба. Индивидуалните Овни можат да имаат ненадејни трансформации за кои не треба да се грижите и да одолеете да бидете флексибилни.

БИК

Со вас овој понеделбик се‘ се случува во областа на партнерите и во бизнисот и во љубовта со трите други планети Сонцето, Венера и Меркур, така што ќе има многу преговори. Нешто треба да се смени и да се трансформира. Некои Бикови сега ќе станат свесни дека даваат многу и дека треба да најдат нов пристап.

БЛИЗНАЦИ

Многу Близнаци сега тргнуваат на нов начин на исхрана, и разработуваат до детали кога станува збор за работата. Сè што треба да се започне е моментот сега! И многу Близнаци треба да ги анализираат разликите со партнерот, така што треба да работат на тоа.

Рак

Ќе копнеете по нова љубов, романса и силна желба да се изразите денес кога станува збор за емоциите. Го отворате срцето и се прашувате дали правите работи што ве прават среќни. Семејните односи се многу стресни, така што сите што сакате семејство сега  можете да направите донација за некои на кои им е потребна, со тоа што на тој начин ќе добиете позитивна енергија и таа ќе се полни како што месечината се полни.

ЛАВ

Со вас сите настани се фокусирани на семејството, домот, роднините. Сега е време да се чувствувате безбедно и да развиете внатрешно чувство, па дури и да ја слушате вашата интуиција. Сега може да се постават многу прашања во врска со вашите корени додека ранливоста ќе се намалува. Одлично е време да направите долгорочна реорганизација и да ја смирите вашата домашна околина. 

ДЕВИЦА

Се‘ се случува со вас овој понеделник во областа на комуникација, учењето и сите контакти. Многу Девици сега можат да иницираат да научат нешто ново или да се грижите за нешто. Добро е да забележите сега дека сте наоколу прифатени од многу кои ви нудат спокој. Некои Девици сега имаат среќа со игри на среќа. А, што и да се случи негативно, не реагирајте набрзина и импулсивно.

ВАГА

Ви се случува интересен понеделник, во вашето поле за финансии нешто кое ќе биде во ваша корист. Многу Ваги ќе ги насочат своите сетила кон повисоки цели што ќе им овозможат вистинско задоволство. Создадете услови за поголем профит и отворете можности за уживање. Затоа уживајте.

ШКОРПИЈА

Овј понеделник ќе ве поттикне да се искажете во ново издание и да размислите за каков впечаток оставате на другите луѓе. Многу Шкорпии треба да работат на нивната комуникација за да не остават впечаток дека се ладни и резервирани. Бидејќи се е во вашиот знак,  ќе имате можност да се подобрите- и здравствено и парично и на љубовен план.

СТРЕЛЕЦ

Понеделникот е резервиран во областа на психата, духовноста, тајните, така што би можеле да предизвикате потреба другите да покажат емпатија. Некои Стрелци можеби чувствуваат потреба да се изолираат и да се повлекуваат за да ги наполнат батериите и да најдат мир со себе. Некои работни места може да ве направат нестабилни, затоа не се мачете, туку направете краток одмор. 

ЈАРЕЦ

Понделникот може да донесе некои ненадејни настани на емотивен план. Време е да бидете многу по цврсти тколку што се. Идеално е ако се полните со позитивност. Главната преокупација е на деловен план, што е многу важен за вас. Ќе успеете во намерата да профитирате, без разлика за што се работи.

ВОДОЛИЈА

Понеделникот е во активно поле на вашата кариера. Сега сте многу чувствителни и ранливи кога станува збор за вашиот успех. Сега можете да ја заживеете деловната кариера или да започнете нешто ново. Вие треба да се испоните со нешто ново, свежо, нешто кое ќе ве дигне од депресијата.

РИБИ

Понеделникот во вашиот знак ќе одигра многу значајна улога. Токму сега е вистинско време да заборавите на депресијата, маките и неубавите моменти кои ги имавте изминатиов период. Направете чекор напред и почнете со нешто ново. Нешто кое ќе ве исполни. Успехот се наѕира, но ваше е како ќе го создадете.