Дневен хороскоп за понеделник: Почекот на неделата е идеален за промени
Овен
Ве загрижуваат трошоците кои ви се собираат и ви е потешко да остварите стабилност. Ја губите довербата во саканата личност и тешко ви е да го избалансирате вашиот однос.
Бик
Имате впечаток дека имате добар однос со пријателите и дека може да се потпрете на нив. Во врската сте задоволни од односот кој го имате со саканата личност. Може да очекувате дека убаво ќе се согласувате.
Близнаци
Ве очекува период во кој нема лесно да успеете да го остварите она што ќе го замислите. Може да очекувате интересна средба со личноста која ви се допаѓа. Вашиот однос може да тргне кон подобро.
Рак
Пред вас е поволен ден за промени. Може да очекувате дека ќе имате позитивни пресврти. Ве очекува можност да влезете во врска. Доколку веќе имате партнер, постои некоја љубомора помеѓу вас.