Дневен хороскоп за СРЕДА: Среќен ден за Овен, предизвик за Шкорпија

Овен (21.03-20.04)

Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ке споделат незаборавни интимни моменти, а оние Овнови кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Уживајте!

Бик (21.04 – 21.05)

Доброто расположение и поволните услови ќе ве пратат целиот ден. Многу Бикови поволно ќе ја изненадат својата околина со поголема толеранција, но и помек став во однос на некои поважни прашања кои се причина на некои кавги. Финансиите ви се подобруваат, но се уште е рано да правите сметки. Емоционалниот живот ви носи нови изненадувања особено за претставниците од втората декада.

Близнаци (21.05 – 22.06)

Зголемените обврски спрема работната околина од вас ќе бараат контакти со многу луѓе. За да можете да запомините се и она што сте го ветиле навистина ќе мора да се послужите со вашиот подсетник. Одредете приоритети и придржавајте се строго кон нив. Љубовниот партнер ќе покаже иницијатива во битните прашања, а вие не бидете тврдоглави и прифатете.

Рак (22.06 – 22.07)

Денеска деловниот живот малку ќе ви трпи, бидејќи намерно и планирано ќе оставите време за саканата личност. После еден подолг разговор конечно ќе можете да се олабавите бидејќи ќе расчистите повеќе работи кои подолго време ве измачувале, па светот ќе ви изгледа многу поубав. А за вакви работи би вредело да избегате од работата и обврските. Здравје: одлично.

Лав (23.07 – 22.08)

Со што и да се занимавате најмогу успех ќе имате во љубовниот живот кој изгледа доста богат. Ќе ви се укажат прилики од повеќе страни, но најдобро ќе поминете ако се држите до личностите кои сте ги запознале преку работата. Така најдобро можете да го усогласите вашето и нивното слободно време. Но сепак нема да биде се така сјајно можни се и некои недоразбирања. Здравје: добро.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе почуствувате прилив нa позитивна енергија, па прифатете ги предизвиците кои ви ги нуди една интересна личност. Ќе биде доста лудо и незаборавно за било што да се работи. Покрај изобилството на страсти не смеете да пропуштите ни еден работен предизвик : понуди, договори, проекти и др. Водете сметка да не згрешите во нешто. Здравјето одлично ве служи.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете творечи расположени и ќе настапувате реално, огринално и интуитивно. Зафатете се со разрешување на проблемот од неговите корени и откријте ги причините. Ве очекува успех. Можете да размислувате за решавање на вашето стамбено прашање, планирајте вселување, селидба и др. Ќе бидете наклонети кон трошење, но секако ќе имате и покритие. Купете за себе нешто што многу ќе ве радува.

Шкорпија (23.10-21.11)

Ќе почуствувате прилив на позитивна енергија, па прифатете ги предизвиците кои ви ги нуди една интересна личност. Ќе биде доста лудо и незаборавно за било што да се работи. Покрај изобилството на страсти не смеете да пропуштите ни еден работен предизвик : понуди, договори, проекти и др. Водете сметка да не згрешите во нешто. Здравјето одлично ве служи.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Би можело да дојде до некои помали расправии во семејството, но вие интуитивно ќе знаете како да реагирате на вистинскиот начин. Што се однесува до емотивниот живот во фокусот ќе бидат вашиот љубовник, партнер или близок соработник. Пред очите на јавноста однесувајте се дипломатски. На некои од вас на памет ќе му дојдат многу сериозни идеи. Бидете внимателни. Здравствената состојба ви е одлична.

Јарец (22.12 – 20.01)

Добро ќе се снаоѓате во новите работи, но не е во ред тоа што сакате да се мешате во туѓите работи. Зошто да си создавате непријатели ако не морате? Некои од вас ќе имаат доста корисни разговори со моќни луѓе кои можат многу да помогнат во работата. Можете да ги послушате советите од вашите блиски, сигурно ќе ви бидат од полза. Сентименталните односи ви се стабилни. Здравје: одлично.

Водолија (21.01 – 19.02)

Не морате премногу да се ангажирате во работата, бидејќи работите ќе се случуваат сами по себе. Добро е повремено да се консултирате со вашите колеги. Ако сте во брак ве очекува конфликт поради семејни работи. Не ќе можете да се договорите со брачниот другар околу извршувањето на домашните обврски, за кои ни едниот од вас нема доволно време. Договорете се и направете план. Здравје: одлично.

Риби (20.02 – 20.03)

Добро ќе се снаоѓате во новите работи, но не е во ред тоа што сакате да се мешате во туѓите работи. Зошто да си создавате непријатели ако не морате? Некои од вас ќе имаат доста корисни разговори со моќни луѓе кои можат многу да помогнат во работата. Можете да ги послушате советите од вашите блиски, сигурно ќе ви бидат од полза. Сентименталните односи ви се стабилни. Здравје: одлично.