Дневен хороскоп за вторник: Бега од вистината еден хороскопски знак

Добивај вести на Viber

Овен

Поставувате големи барања пред саканата личност. Направете емотивна дистанца и преиспитајте ја својата врска низ различни аспекти. Некој не ги разбира вашите идеи и тоа негативно ќе влијае на вас денес.


Бик

Не дозволувате некој да се крие зад вашите ветувања. На време решете ги недоразбирањата во емотивниот однос. Важно ви е да го прикриете својот моментален неуспех.


Близнаци

Делувате несигурно, потребно ви е нечие емотивно охрабрување. Слободно изразете ги своите желби или чувства кои ги потиснувате. Доколку ви е важно да ги остварите своите цели, покажете енергичност во одредени ситуации.


Рак

На средба со саканата личност слободно преземете иницијатива и смислете некоја романтична забава за двајцата. Имате интересни идеи и делувате поттикнувачки за околината.


Лав

Доколку вашата емотивна средба не изгледа идилично, немојте да го обвинувате партнерот за сите лоши моменти кои постојат. Колегите имаат различна претстава за заедничките интереси и не ги разбираат вашите идеи.


Девица

Расположени сте за средба со личност која емотивно ве исполнува со убави мисли и пријатни чувства. Секогаш постои и некои лесен и некој тежок пак до успехот.


Вага

Нема потреба да бегате од вистината или да ги потиснувате своите емотивни желби. Се има своја граница.


Шкорпија

Не можете да промените нечие мислење или одлука. Нема потреба да изговорувате „тешки зборови“ пред саканата личност. Важно е да го процените најдобриот момент за акција.


Стрелец

Вниманието и нежноста делуваат поттикнувачки на саката личност. Ситуацијата на работа бара промисленост. Ви недоставува малку храброст.


Јарец

Се соочувате со иронија во љубовниот живот, правите погрешен чекор кој непотребно ве одалечува од саканата личност и од заедничките планови.


Водолија

Го избегнувате еуфоричното расположение во друштво на саканата личност, на таков начин поттикнувате нови сомнежи во своите намери. Внимателно анализирајте ги личностите околу себе.


Риби

Обрнете внимание на интересите на партнерот, не можете да добиете се што ќе посакате и упорно да ја наметнете својата волја. Не криете дека имате големи очекувања и не можете да се помирите со просечни резултати.