До денес 1057 оздравени пациенти: 394 активни случаи на КОВИД-19
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1. Досега во земјата се направени вкупно 17836 тестирања на ковид -19.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.
Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1539, бројката на оздравени пациенти е 1057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.