До крајот на февруари: Дали ѕвездите им се наклонети на сите хороскопски знаци?

Овен

Финансиската состојба ќе ви биде добра и стабилна. Ќе бидете весели и оптимистични, но ќе чувствувате и потреба за мир и хармонија. Последните денови ќе ви донесат среќни и релаксирачки моменти, како и еден важен состанок.

Бик

Ова е месец во кој работите макотрпно, но со задоволство. Иако ќе бидете материјално наградени за вашиот труд, сепак добро би ви било парите да ги заштедите за летниот одмор. Во последните денови препорачливо ви е да бидете внимателни, бидејќи постои можност за мала настинка. 

Близнаци

Вашиот авторитет ќе се зацврсти, а вашата самодоверба ќе се зголеми и ќе имате сѐ што ви е потреебно за да започнете нови проекти. Од друга страна, треба да бидете внимателни со парите и да избегнувате какви било трансакции.  Желбата за секс за една вечер, или за авантура, ќе имате можност да си ја остварите токму овие денови. 

Рак

Можно е да се сочите со мала финансиска загуба. Но, до крајот на месецот, повеќето работи би требало да се решат. Ова нема да биде многу пријатен месец за вас, кога се работи за здравјето. Ќе се чувствувате постојано како да сте отсутни, а вашата концентрација нема да биде на ниво. На крајот од месецот можно е некој ваш пријател да ви изјави љубов.

Лав

Надредените ќе ве наградат за вашата одговорност и посветеност на работата. Овој месец најуспешни ќе бидете во тимската работа. Може да следува доста турбулентен период за вас, бидејќи вие сакате мир и комфор, а ова може да влијае на вашата внатрешна рамнотежа. Не обидувајте се да ги избегнете проблемите со прекумерно јадење и пиење.

Девица

Ризикот од настинки ќе биде значително намален во однос на минатиот месец, но сепак, бидете внимателни. Можно е да се соочите со хроничен замор. Февруари ќе биде месец во кој ќе бидете во потрага по авантура. Овие денови ќе се чувствувате како да сте осамени, па затоа ќе барате некој личност која ќе ве развесели.

Вага

Овој месец треба да бидете многу внимателни кога се работи за вашето здравје, бидејќи ќе чувствувате замор и намалување на виталните знаци. Бидете смирени и штитете се од стресни работи. Но, веќе наредната недела работите ќе се вратат на своето место, така што, можете да здивнете. Доколку не сте во врска, искористете го вашиот шарм и личноста која ви се допаѓа може да ве покани на состанок.

Шкорпија

Ќе можете да направите некои промени кои ќе ви бидат потебни. Може да ви донесе мали неуспеси на професионално поле. Во последната недела работите треба да се сменат, а финансиите ќе ви се зголемат, па многу е веројатно да инвестирате во нешто.

Стрелец

Ќе бидете преокупирани со негата на телото, диети и други третмани кои се поврзани со убавина. Партнерот ќе ви биде најважната личност на светот за вас, а тоа ќе ви ја зацврсти врската. После викендов, некои стари проблеми може повторно да бидат точка на дискусија.

Јарец

Наредниот месец ќе ви биде доста активен месец кога се однесува на професионално поле. Во текот на целиот месец ќе чувствувате сензуалност и позитивни вибрации. Можно е овие денови да се чувствувате запоставено, но, воглавно планетата на љубовта ќе ви донесе многу незаборавни моменти.

Водолија

Вашите таленти ќе дојдат до израз.  Исто така, ќе имате голем капацитет за искажување на вашата креативност. Но, внимавајте, кон крајот на месецот можни се мали проблеми во финансиите. Ќе имате многу енергија, но тоа не ви гарантира добро здравје. Бидете внимателни додека возите!

Риби

Важните одлуки на професионален план одложете ги за крајот на месецот. Ќе ви фали концентрација, а тоа може да ве доведе до стресни ситуации. За оние кои се во врска, ова ќе бидат поволни денови за повторно да ја разбудат еротиката во врската. А доколку не сте во врска, ќе имате многу динамичен период кон крајот на месецот.