До крајот на месецот: Пари на повидок, дали вашиот хороскопски знак ќе помогне да ги имате?

Добивај вести на Viber

Овен 

Ова би можел да биде стресен период, особено ако имате големи амбиции. Можно е да сте растргнати помеѓу желбите и реалноста. Она што за вас во моментов е најдобро е да не бидете премногу упорни во докажувањето на правдата и  да не се надмудрувате. Очекувајте повик од една Шкорпија во врска со нова работа и можност за заработка.

Бик 

Ова за вас ова е период во кој ќе уживате, ќе се опуштите и нема да размислувате на проблемите. Во вечерните часови закажете ја средбата која долго време ја планирате. Ќе поминете одлично доколку сите ваши размислувања ги поврзете со оптимизмот. Пари да, ама не многу.

Близнаци 

Вашите амбиции се насочени како кон успехот, какоа и кон друштвениот живот, но парите ви создаваат проблеми. Се трудите на најдобар начин да заштедите некој денар, но тоа не се случува. Имате одлична соработка со еден Бик и внимавајте да не ја нарушите. 

Рак 

Ќе сфатите дека можете да имате многу поголема корист, ако се воздржите од глупавите коментари кои на некого му одат на нерви. Една Вага или Шкорпија ќе ве предомислат во намерата да инвестирате во некое ваше хоби. Овој период е одличен за вашето време да го поминете во големо друштво. Пари да, ама со трошете со усул.

Лав 

Постои можност за мали конфликти со некои Близнаци или Девица. Верувате во планот за остварување на подобри односи со соработниците, но не избрзувајте со потезите. Не полемизирајте со некоја Девица во врска со финансии и инвестиции, можно е да ви донесе финансиска неизвесност.

Девица 

Со задоволство ги трошите парите, но не правите реални планови во што да ги вложите. Периодов финансиите ќе ви бидат најважни. Внимавајте на големите трошоци што ги создавате, скратете некој од нив. Некоја Вага ќе побара стручна помош од вас. 

Вага 

Ќе прифатите некои обврски за кои реално не сте подготвени, па поради тоа нервозата ќе ве надвладее. Некој ќе посака искрен разговор со вас, но вие нема да најдете време за тоа и поради таа постапка можно е да го загубите кредибилитетот. Постои некое изненадување кое може да биде добро за вас. Пари се во прашање... 

Шкорпија 

Иако сте прилично конфузни, преморени и неорганизирани, вие всушност знаете што сакате и што правите. Ќе добиете прилика да разговарате со некој Бик, кој ви е доста близок и од него ќе добиете исклучително вредни совети. Послушајте ги, тој има искрени намери. Внимавајте каде, што и пред кого говорите, можно е вашиот муабет да излезе во јавноста. Пари да, и тоа доста, ама само ако знаете како да ги извлечете.

Стрелец

Одговорете на повикот од личноста која долго време се обидува да стапи во контакт со вас. Без оглед дали таа носи позитивни или негативни вести. Ќе ви бидат потребни самокритични работници кои ќе ви помогнат и вие да успеете да си ги пронајдете грешките. Приватните проблеми средете ги со низок тон, не го покачувајте тонот кон вашите драги лица. Финансиски сте слаби и периодов нема нешто многу да се промени на тоа поле.

Јарец 

Верувате дека можете целата околина да ја убедите да постапи на ваш начин. Некој нема да ве сфати сериозно, па ќе си поигра со вашите планови. Неискреноста од блиските лица буквално ќе ве сруши. Периодот ќе биде премногу напорен за стабилни чекори и финансиски вложувања. Смирете се и почекајте поповолен период. 

Водолија 

Многу убаво ќе се чувствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чувствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. За сите кавги во семејството, вие ќе пронајдете одлично решение. А пари? Не многу и не како што посакувате.

Риби

Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно -финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат а со тоа може да изгубите пари. Сентименталните односи ви се одлични ве очекува ден исполнет со љубов и разбирање.