Доаѓа моќен астро период, полна месечина во рак: Емоции без контрола - подгответе се за хаос

Влеговме во Новата година, а пред нас е првиот важен астролошки настан, а тоа е Полната месечина во водениот знак Рак на 7 јануари

Првата полна месечина во 2023 година ќе биде предизвик за сите луѓе, бидејќи Меркур и Марс се ретроградни на небото, па ќе имаме впечаток дека ништо не оди напред, но и дека нашата иницијатива е блокирана.

Забуни, ирационални потези и недостаток на енергија се манифестации на ретроградното влијание на Марс и Меркур.

Бидејќи Месечината на 7 јануари ќе биде во знакот Рак, ќе ги преземе карактеристиките на знакот во кој се наоѓа, па ќе бидеме емотивни, расплакани, а семејството ќе биде во фокусот.

Некои луѓе ќе имаат впечаток дека ги погодила поплава од чувства, па неконтролирано ќе носат одлуки во афектот. Секоја полна месечина е поттик за психолошки состојби низ кои треба да поминеме што е можно помирно за да не носиме одлуки за кои подоцна би можеле да се каеме.

Полната Месечина во Рак најмногу ќе ги погоди овие 4 хороскопски знаци:

РАК

Вашите лични чувства ќе бидат најважни до крајот на неделата. Конечно, ќе ви стане важно како се чувствувате, наместо постојано да им угодувате на другите луѓе. Поради ова, ќе се чувствувате ранливи и најдобро би било да не донесувате важни одлуки во овој интервал.

ЈАРЕЦ

Партнерското поле ќе биде важно до крајот на неделата. Ако сте во брак, вашиот партнер ќе треба да ви каже како се чувствува и тоа ќе ви биде товар. Не сте подготвени за толкава количина на чувства. Имајте повеќе емпатија за луѓето за кои се грижите.


Следна страна