Добив џекпот со Амал: Клуни отворено за семејството
По повод промоцијата на новата мини серија „Catch 22“, холивудскиот актер Џорџ Клуни во американската емисија „Today“ , одлучи отворено да зборува за своите близнаци, Александер и Ела.
Амал Клуни со близнаците Александер и Ела
Тој не криеше воодушевување за своите наследници и гордо изјави дека близнаците кои имаат две години совршено ја знаат азбуката на англиски и на италијански јазик.
- Тие се добри и среќни деца. Многу се смеат и уште од сега се немирни. Ставаат путер од кикирики на своите чевли и тоа им е многу смешно“, открива Клуни и додава: „Иако се близнаци, тие се сосема различни, но многу се паметни и забавни. Уште од сега ја знаат азбуката на италијански и на англиски јазик, а тоа ни јас не го знам“, изјавил славниот актер.
Клуни зборувал и за својата сопруга, адвокатката Амал.
„Таа освен што е одличен адвокат е прекрасна мајка и сопруга. Затоа се чувствувам као да сум добил џекпот“, раскажал Клуни кој со Амал е во среќен брак од 2014 година.
Фото: Профимедиа