Добив уште една погрешна дијагноза, а имам тумор што треба да се отстрани: Шерон Стоун загрижи со објавата за здравјето и испрати апел до дамите
Обожавателите се сериозно загрижени за здравјето на актерката, откако таа откри дека има тумор.
Холивудската актерка Шерон Стоун ги извести своите следбеници преку Твитер дека има тумор кој треба да се отстрани.
„Само што имав уште една погрешна дијагноза и неправилна процедура. Двојна епидурална овој пат. Како што болката се влошуваше, отидов на второ мислење: имав голем фиброиден тумор што треба да се отстрани. Особено за дами: не се преправајте дека не е важно, отидете на второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот. Ќе ми требаат четири до шест недели за целосно опоравување. Ви благодарам на сите за грижата. Сè е добро", напиша таа.
Фиброидите се вообичаено неканцерозни израстоци кои се развиваат во или околу матката. Израстоците се составени од мускули и фиброзно ткиво и се разликуваат по големина. Тие понекогаш се познати како миоми на матката или леиомиоми. Многу од жените не се свесни дека имаат фиброиди бидејќи немаат никакви симптоми.
Шерон Стоун (64) е една од најпопуларните актерки во светот, а во деведесетите беше секс икона. Меѓутоа, нејзиниот живот наеднаш се промени кога доживеала мозочен удар во 2001 година. Таа мораше повторно да научи да зборува, да оди, да пишува и да глуми, а она што е особено важно е фактот дека целиот нејзин поглед на животот е целосно променет.
Таа предизвика големо внимание и кога изјави дека Холивуд е сурово место кога се во прашање стандардите на женската убавина. Таа додаде дека од неа повеќе не се бара да глуми бидејќи не е убава и млада и се чувствува отфрлена од индустријата на која ѝ припаѓа цел живот.
Таа откри дека еднаш дури и го изгубила својот партнер поради одбивање на ботокс. Имено, во интервју за Vogue Arabia, таа зборуваше за тоа како страдал нејзиниот љубовен и деловен живот бидејќи никогаш не сакала да го наполни лицето со ботокс, филери и да оди под ножот на пластичните хирурзи.
Иако признава дека тоа било удар за нејзиното его, Шерон сепак мисли дека ја донела вистинската одлука. Според експертите, ботоксот не е безбеден за пациенти со невролошки оштетувања, па Шерон постапила одговорно со сопственото здравје.
„Ако за друга личност не сум ништо повеќе од убаво лице, тогаш нека најде излез од мојот живот“, заклучи актерката.
извор:najzenaМозочниот удар на 43 години ѝ го уништи животот, поранешниот сопруг ѝ го одзеде детето: Шерон Стоун, жената борец
Срцепарателно: Почина внукот на Шерон Стоун - за неколку дена ќе полнеше годинка