„Добре дојде Реља!“: Вака Андрија Милошевиќ го прослави раѓањето на синот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Актерот прослави со најблиските во познат ресторан во Белгад ...

Кон крајот на минатиот месец актерската двојка Александра Томиќ и Андрија Милошевиќ се реализираа во една од најубавите животни улоги. Александра се породи и со својот долгогодишен партнер Андрија доби син. Парот на својот првороден син му го дадоа името Реља.

Според медиумите во Србија, Томиќ со бебето се веќе дома.

Андрија вчера вечер го прослави раѓањето на синот во познат ресторан во Белград, а за тоа време - гордата мајка на малото момче секако уживала во прекрасните кадри и фотографии од гостите кои дошле да слават со Милошевиќ.

Судејќи по едно од видеата кои Александра ги прикачи на својот Инстаграм профил, актерот им се обрати на сите собрани во еден момент од прославата.

- ... Додека се раѓаат деца, за мене лично иднината е убава - стои во дел од емотивниот говор. 


Судејќи по видеото, јасно е и дека добро се потрудил околу самата организација. Облечен свечено и со музика, тој сигурно добро се забавувал со своите најблиски, кои  не пропуштија да му го честитаат доаѓањето на малиот Реља.


Фото: Инстаграм

Девојката на Андрија конечно се насмеа на неговиот виц: Прво мораше да ѝ објасни што изговорил