„Добредојде дома Ведран“: Манекенката Чуприна сподели фотки од синчето

Добивај вести на Viber

На 8 февруари, пред два дена, манекенката Тамара Чуприна и фудбалерот Дарко Велковски станаа родители за прв пат . Тамара на свет го донесе момчето Ведран, а на социјалните мрежи веќе ги сподели и првите фотографии.



Доцна синоќа, Чуприна сподели со следбениците на Инстаграм дека бебето и таа веќе се дома.

„Добредојде дома Ведран“ - напиша таа во објавата до фотографиите.

(Вртете десно на стрелката за повеќе фотки)


Чуприна и Велковски на крајот на минатата година стапија во брак.


Фото: Инстаграм официјален профил Тамара Чуприна