Добредојдовте во Универзумот на Mon Guerlain

Добивај вести на Viber

Парфемски манифест на женственоста денес отелотворен од  Angelina Jolie. За жената со многу лица, силна, слободна и сензуална.

Со  Eau de Parfum Intense,  Mon Guerlain продолжува да ги истражува сите аспекти на женственоста, повикувајќи ги жените да ја истакнат својата различност и индивидуалност.

Мирисот на ванила му дава доминантност на  Eau de Parfum Intense, засилувајќи ја интензивноста и сензуалноста.

Mon Guerlain e роден како резултат на една судбинска средба помеѓу двајца луѓе: парфимерот на Guerlain со жената на која и се восхитува, Angelina Jolie. Taa e пример што значи да се биде личност која ги опфаќа сите аспекти на женственоста денес. Парфимерот на Guerlain создаде мирис  наменет за неа, каде што секоја мирисна нота се претопува во кожата за да и даде уникатна алхемија која ќе ја прикаже личноста на жената што го има на себе, како невидлива тетоважа...

​Во интензивниот опус на Mon Guerlain, средните и топ нотите на мирисот стануваат цветни, создавајќи контраст со мистериозните и неодоливи основни ноти: сандалово дрво и енергичниот мирис на пачули и ванила, таа прекрасна состојка која е дел од сечија емоционална меморија.“

Thierry Wasser