Искуството покажува дека жените како раководители тежнееат кон градење тим, структура и долгорочна стабилност за компанијата, квалитети кои се потребни во навигирање низ предизвиците поврзани со зелена транзиција

Добивај вести на Viber

Глобалните предизвици поврзани со климатските промени, социјалната нееднаквост, ранливоста на енергетските системи и одржливоста на социо-економското опкружување, во последните неколку години станаа важни прашања кои треба да ја засегаат секоја компанија. Предолго економскиот модел беше како еднонасочна улица: земаме ресурси, правиме работи и потоа ги фрламе.  Овој линеарен пристап ги оптоварува и ресурсите, но и животната средина.

Па така, ESG е сѐ поактуелна тема во деловните кругови во последните неколку години, инвеститорите и кредиторите сѐ повеќе ги земаат предвид еколошките практики на компанијата и влијанието врз животната средина и истовремено владите ширум светот спроведуваат построги регулативи и политики за справување со еколошките и социјалните предизвици. Компаниите кои проактивно ги интегрираат ESG стандардите во нивните стратегии се подобро позиционирани да навигираат во регулаторните промени.

Во овие услови, потребно е да се фокусираме на бизнис модели базирани на циркуларна економија чија цел е материјалите и производите да останат во употреба што е можно подолго. Ваквата транзиција на бизнис моделот не е добра само за животната средина, туку и за економијата генерално, креира нови работни места, поттикнува иновации и им даваат на компаниите конкурентска предност на пазарот каде се става се поголем фокус на одржливите практики.

Тука, клучна е улогата на банките кои треба да понудат поддршка на напорите за ублажување и адаптација на климатските промени кои овозможуваат долгорочна еколошка, но и социјална одржливост на бизнисите. Поддршката на нивната зелена и одржлива транзиција е клучна мисија на ПроКредит веќе 20 години, па како резултат на тоа горди сме што лидер на пазарот со 20,5% од вкупното портфолио посветени на зелени кредити, енергетски ефикаснии инвестиции, инвестиции во обновливи извор на енергија како и останати инвестиции погодни за животната средина.

За бизнисите, успешното справување со овие предизвици бара силно лидерство, посветеност и јасна визија за инвестирање во долгорочна одржливост. Искуството покажува дека жените како раководители тежнееат кон градење тим, структура и долгорочна стабилност за компанијата, квалитети кои се потребни во навигирање низ предизвиците поврзани со зелена транзиција. Женското претприемништво може дополнително да придонесе за развојот на економијата во нашата држава, па токму затоа е од особена важност да се поттикне повеќе жени да заземат претприемачки и лидерски позиции.

Инклузивноста и родовата еднаквост се принципи кои ги живееме во ПроКредит Банка уште од основањето и остануваат темели на нашата корпоративна култура до ден денес. Горди сме со учество од 84% на жени на раководителски позиции , факт  што сам по себе зборува дека на жените не им е дадена само шанса да се вработат, туку и можност за развој, кариера, напредување и вреднување на нивниот труд.

Преку промоција на овие вредности и надвор од институцијата, преку поттикнување инклузија и женско претприемништво во локалната економија, банката има за цел да придонесе конкреирање работни места и стимулирање на економскиот развој преку иновации, конкурентност и понапредни деловни практики.

Добринка Стефанова

Директор на одделот за управување со животна средина, ПроКредит Банка