Додека Меган блеска, Хари е тажен: Изгледа Америка ѝ годи на војвотката

Добивај вести на Viber

Изгледа дека Америка многу ѝ годи

Меган Маркл и принцот Хари синоќа присуствуваа на гламурозна гала забава по повод Денот на ветераните во САД и Денот на примирјето во Велика Британија.

За таа прилика Меган облече огнено црвен фустан од Каролина Херера со шлиц и деколте. На нозете носеше соодветни штикли од Џузепе Заноти од сатен од 350 долари.

Принцот Хари носеше костум и машна, а на реверот носеше орден на Витез командант на кралскиот викторијански ред и ѕвезда. Тој го доби овој медал од кралицата како признание за неговата исклучителна лична служба во монархијата.


Новинарите ја прашале Меган дали е горда на својот сопруг, а таа одговорила: „Секогаш сум горда на него!


Додека Хари нагласи дека сега „го живее американскиот сон“. Сè уште никому не му е сосема јасно што работи Хари во Америка и од што живее неговото семејство. Неодамна излезе нивната нова книга, како и книгата бајки на Меган Маркл. Тие се прославија со интервјуто со Опра Винфри кое го крена светот на нозе.


Фото: Профимедиа/Инстаграм

Холандската кралица во фустан кој зборува 100 јазици и привлекува како магнет: Совршена женска креација, а глетката го одзема здивот!