Холандската кралица во фустан кој зборува 100 јазици и привлекува како магнет: Совршена женска креација, а глетката го одзема здивот!
И додека очите на модниот свет на Европа најмногу се насочени кон Меган Маркл, Кејт Мидлтон, Шарлин од Монако и кралицата Летиција, барем кога се во прашање кралските семејства, холандската кралица Максима се крие во сенка со беспрекорен, впечатлив, специфичен стил.
Таа вчера со својот сопруг – кралот Вилем-Александар пристигна во официјална тридневна посета на Норвешка и за таа прилика избра особено елегантна креација за да се запознае со норвешката кралска двојка.
Максима блескаше во неверојатен смарагдно зелен сатенски фустан со А-линија со необично деколте што ги откриваше нејзините раменици суптилно, а тоа даде предизвикувачки детаљ на заводливост на овој тоалет.
Холандската кралица го комплетираше аутфитот со висечки обетки со смарагди, салонки во крем боја и шик ракавици во ист тон, детали кои на оваа модна приказна и дадоа шик момент.
50-годишната дама носеше и убава, елегантна пунџа, а на жените ширум светот особено им остави впечаток тоа што е многу спонтана, ретко ја симнува насмевката од лицето и ужива во природно стареење - не се срами од брчките на нејзиното чело!
Инаку, Максима е родена во Аргентина, а нејзиниот сопруг кралот Вилем-Александар го запознала во 1999 година во Шпанија. Брачните завети ги размениле во 2002 година, а парот има три ќерки.
Фото: Профимедиа
Таа не умее да се облече досадно: (Не)обичен фустан на кралицата Максима кој поместува граници (ФОТО)