Додека палатата се тресе поради новата медиумска бомба, Меган е подготвена за Денот Д и пука од среќа, но Хари не изгледа толку добро

Меган Маркл и принцот Хари отпатуваа од Лос Анџелес за Њујорк, неколку дена пред премиерата на документарната серија на Нетфликс „Хари и Меган“. На фотографиите војвотката од Сасекс сјае од среќа додека нејзиниот сопруг не е баш толку расположен, можеби криејќи насмевка од јавноста.

Актерката и принцот во Њујорк ги пречекаа нивните пријатели, со кои Меган топло се поздрави, а потоа се упатиле на друга дестинација со луксузен теренец.

Меган на фотографиите не изгледа загрижено или нервозно. На лицето на Хари се насетува поинакво расположение, но некој ќе каже - кога веќе се согласил да ја снима серијата, не вреди да реагира на било кој начин, со насмевка или без насмевка. 

Веднаш штом се појавија трејлерите од серијата минатиот четврток, а потоа и вчера попладне „почнаа“ коментари дека Мегзит 2 е на пат, односно нов напад на британското кралско семејство.

„Хари и Меган ќе разговараат за тоа како палатата не ги застапувала нивните интереси и како тие биле жртви на медиумската машинерија на палатата“, изјавил извор за Page Six, додека друг инсајдерски додал дека двојката „ќе тврди дека биле малтретирани од палатата." 

„Она што ќе стане јасно е сугестијата дека нивните искушенија и неволји се поврзани со поголеми проблеми во светот, како што е расизмот“, рече изворот.

Нетфликс потврди дека првите три епизоди ќе бидат објавени на 8 декември, а останатите три, односно вториот дел од серијата, една недела подоцна.

Првиот тизер беше објавен за време на тридневната посета на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на Америка минатата недела. Принцезата и принцот од Велс вчера на социјалните мрежи објавија дека се презадоволни од ова официјално патување.

Се шпекулира дека Меган и Хари зеле 88 милиони фунти за да го направат документарецот.


Фото: Профимедиа

Чарлс сѐ ќе им прости на Хари и на Меган, освен едно: Ако принцот го каже ова во документарецот, нема да има враќање назад - еве кој му е најважен на кралот