Чарлс сѐ ќе им прости на Хари и на Меган, освен едно: Ако принцот го каже ова во документарецот, нема да има враќање назад - еве кој му е најважен на кралот

Пред четири дена се појави првиот трејлер од експлозивниот документарен серијал на Нетфликс „Меган и Хари“, кој ќе почне да се прикажува овој месец, а вчера светлината на денот ја виде новата најава. Првите впечатоци се дека е на пат нов Мегзит и како реагира кралот Чарлс III на овие случувања?

Кралот Чарлс Трети се надева дека принцот Хари и Меган Маркл на крајот „ќе останат без муниција“ и дека ќе има шанса да ги обноват семејните односи.

„Кралот е татко кој го сака својот син и како и секој родител е фрустриран и загрижен што неговите синови имаат толку комплициран однос“, пишува Дејли експрес.


Според извештаите, британскиот монарх е решен да не го прекинува контактот со Хари и верува дека се‘ уште постои начин Меган и помладиот принц да се помират со кралското семејство.


„Кралското семејство е преплашено од овој документарец на Нетфликс, но се надева дека откако Хари и Меган ќе го кажат својот збор, ќе можат да повлечат линија и да продолжат понатаму“. Ова е многу вознемирувачко време. Секако се надеваме дека поплаките може да се решат и којзнае каде на друго место би можело да не‘ однесе“, изјави познавачот на палатата и автор Фил Дампиер.


Овој автор не е изненаден од подготвеноста на кралот Чарлс да му прости на својот син, велејќи: „Сигурен сум дека е во ред Чарлс да направи се‘ што е потребно за да ја одржи врската со Хари, но има граница. Кралот Чарлс ќе му прости на Хари речиси сè - освен ако не ја уништи репутацијата на Камила. Ако интервјуто на Хари за разводот на неговите родители е премногу критичко за Камила или премногу обвинувачко кон Чарлс, ако истовремено ја прикаже својата мајка како светица во приказната, тоа ќе биде точка од која нема враќање.


Какви контрамерки постојат во тој момент? Каков избор имаат освен да кажат: „Добро, ја преминавте границата овде и нема враќање назад. Време е да тргнете по својот пат, но не како војводата и војвотката од Сасекс“.

Авторот го кажа своето мислење пред објавувањето на вториот трејлер, во кој изразува загриженост дека Меган би можела да стане новата Дијана во борбата со папараците, односно да заврши трагично како саканата принцеза која загина во сообраќајна несреќа во 1997 година во Париз.

Проекцијата на документарецот ќе донесе одговори на многу прашања, но тензијата меѓу Меган и Хари и британското кралско семејство е очигледна.


Фото: Инстаграм/Профимедиа

Извор: блиц

Видео: Youtube 

Меган Маркл по три години, конечно го покажа лицето на пораснатиот син Арчи: Копија на татко му (ФОТО)