Докажано: Жените трпат повеќе болка од мажите

Добивај вести на Viber

Кога станува збор за видот и должината на болката што човек може да ја издржи, се покажа дека жените се многу посилни и многу повеќе поднесуваат болка.

Со векови, мажите и жените расправаат чиј род може да поднесе поголема болка. И еве што вели науката.

Не е толку едноставно, затоа што покрај физичките фактори, треба да бидат земени во предвид и психолошкиte фактори, но и со каква култура некој пораснал. Ако некое дете по секое паѓање е тешено истото ќе биде почувствително на болка подоцна во животот отколку негови врсници, кои биле научени да застанат веднаш на нозе и да продолжат понатаму.

Момчињата исто така биле научени да дејствуваат како силни, да страдаат и да трпат болка, додека девојчињата биле учени да си дозволат да бидат чувствителни. Но, сето тоа е променливо и зависи од ситуацијата.

Статистиката и науката велат дека жените живеат подолго, помалку се разболуваат, полесно толерираат болка. Додека според колапси на стоматолошки столчиња, губењето на свест веднаш штом ќе видат игла или крв, многумина ќе речат мажите се повеќе кукавици.

И, тие се во право. Можеби жените се понежни на болка, но истата ја трпаат многу подолго!

Мажите се чувствителни пред своето раѓањето , бидејќи машките фетуси помалку преживуваат од женските, предвремено родените момчиња умираат четири пати почесто од девојчињата, мажите страдаат повеќе во текот на нивните тинејџерски години и умираат почесто од фатални заболувања.

Експертите од универзитетот Стенфорд тврдат дека жените се потолерантни на болка или дека можат да издржат повеќе болка отколку посилниот пол.  Научниците дошле до заклучок дека прагот на чувствителност на болка кај жените е многу поизразен отколку кај мажите, но дека тие полесно се носат. Особено кога станува збор за ревматски болки и напади на мигрена, како и кај секоја друга хронична болка.

Можеби најважната работа во перцепцијата на болката се половите хормони, бидејќи односот естроген-тестостерон во нечие тело може да игра важна улога. Во секојдневните ситуации, и жените и мажите имаат важно ниво на тестостерон во крвта, бидејќи колку е поголема, толку е поголема толеранцијата кон болка.

Меѓутоа, во ситуации како што се породување, тоа не е случај, бидејќи женските хормони играат клучна улога во управувањето со болката.

Една од најсилните болки што некој може да ја доживее е, секако, болката при движење на камен во бубрег. Во овој случај, исто така, статистиката е на женска страна, но може да биде затоа што женскиот мочен канал е многу пократок, така што сите насобрани камчиња или песок се исфрлаат побрзо, и затоа им се пократки и болките.

Исто така е важно да се знае дека истите лекови за болка не влијаат еднакво на жените и мажите. Постојат дури и некои аналгетици кои целосно ја намалуваат болката кај жените додека ја зголемуваат болката кај мажите.