Доктор гледал ТВ и забележал нешто чудно на една жена: Направил сѐ за да ја најде, ѝ го спасил животот!

Добивај вести на Viber

Докторот Ерик Војт стана херој кога на телевизија забележа дека Никол Мекгинис има рак на грлото, поради што итно реагираше

Никол Мекгинис успешно се опоравувала од рак на мозокот и планирала да купи куќа на плажа со својот сопруг. За да им помогнат да ја пронајдат својата куќа од соништата, се пријавиле во емисија која се занимава со пронаоѓање такви куќи, а за среќа, д-р Ерик Вајт ја гледал истата емисија од дома и забележал грутка на грлото на Никол.

Веднаш сфатил за што се работи. Никол имала рак на грлото, поради што итно реагирал и ја побарал жената преку социјалните мрежи.

„Почувствував потреба да ѝ се јавам на оваа личност и да ѝ кажам. Таа веројатно не знаеше ништо. Како експерт за рак, бев загрижен за неа веднаш штом го видов", вели д-р Вајт.

Кога Никол дознала за ракот на грлото, веднаш отишла на преглед. Анализите покажале дека таа навистина имала рак на грлото, од кој, за среќа, успешно била излечена.

„Сите бевме шокирани во семејството. Не можевме да веруваме дека докторот го виде тоа на телевизија и ме контактираше. Отидов на биопсија и набрзо лекарите потврдија дека имам рак", изјавила Никол.


Извор: mondo.rs