Здравје // Совети
Доктор Кон објасни важно прашање: Откри кој мора да добие и трета доза вакцина против ковид19
Оние што немаат антитела по приемот на две дози вакцина за коронавирус, ќе мора да ја примат и третата, изјави епидемиологот и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот од соседна Србија, Предраг Кон.
- На сите нас кои се занимаваме со оваа работа им е јасно дека оние кои немаат антитела по две дози, а времето поминало, треба да примат уште една - или доза од истата вакцина, или да ја сменат вакцината - рече Кон за Телевизија К1.
Тој спомена дека засега има истражувања само за случаи кога третата доза доаѓа од истиот производител како и првите две, но исто така рече дека комбинирањето на вакцините е „иднината“.
Фото: принтскрин/Јутјуб