Доктор откри 3 работи кои помагаат при воспалени синуси: Гарантирано ја намалува болката и го забрзува исчезнувањето на симптомите!

Добивај вести на Viber

Еве што помага при воспалени синуси по совет на лекар!

Ако ве мачат синусите, симптомите како притисок, болка, затнат нос и намалено чувство за мирис и вкус се веројатно нешто за што добро знаете. Ако не се лекува, синузитисот може да даде посериозни симптоми како што се отекување на очите, гадење, повраќање, висока температура ...

Постојат начини за ублажување на симптомите дома, велат лекарите, а покрај народните лекови за синуси, ова се трите трикови кои даваат најдобри резултати.

Топла облога

Пешкир или крпа натопена во топла вода, која внимателно ќе ја ставите на лицето, може да помогне да се намали болката и да се намалат наслагите. Не држете ги повеќе од 20 минути.

„Ако можете да го направите ова безбедно, така што температурата на водата да не е опасна за вашата кожа, и ако ви помага, само напред“, вели д-р Ралф Аби Хачем, доцент по медицина на Универзитетот Дјук.

Туширајте се со топла вода

Пареата ќе помогне да се разреди слузта, а исто така можете да вдишувате преку сад со топла вода околу десет минути, не повеќе. Во водата можете да додадете еукалиптус, мајчина душица или босилек.

Пијте многу вода

„Течностите како обична вода, супа, чај ќе помогнат симптомите да се смират побрзо. Избегнувајте алкохол бидејќи предизвикува дехидрација и може само да ги влоши“, советува Аби Хачем.

Овие едноставни трикови, предупредуваат експертите, ќе ги ублажат симптомите, но нема да помогнат самата инфекција да помине побрзо. Доколку симптомите траат подолго од десет дена, задолжително посетете лекар затоа што можеби ќе ви требаат лекови за да ја смирите инфекцијата.


Фото: freepik

Извор: мондо

Д-р Зорица Сокиќ: Како да препознаете синдром на хроничен замор по прележан ковид-19