Доктор тврди: Аутизмот може да се излечи, ако мајката се однесува вака кон детето
Џиакомо Рисолати е италијански неврофизиолог, кој во 1992-ра година направи револуционерно откритие за структурата на мозокот. Тогаш се откриени невроните „пресликувачи“ или огледало неврони- единствените ќелии на мозокот кој се активира кога ги следиме акциите на другите луѓе.
Овие ќелии, како огледало, автоматски „го одржуваат“ однесувањето на другите луѓе во нашите глави и ни овозможуваат да се чувствуваме како што се чувствуваат и другите.
Сега Џиакомо го води Институтот за неврологија во Парма и е почестен доктор на Државниот универзитет во Санк Петерзбург.
Како мислите на пацинетот влијаат врз здравствената состојба
* Ги откривте невроните огледало, т.е. прескокнувачи уште пред 20 години. Веројатно оттогаш, се обидовте да ги употребите во вашите откритија и за медицински сознанија?
- Да, работиме на практична примена во медицината. Познато е дека овие неврони не тераат да го правиме она што гледаме дека го прават другите. Така на пример, забележувате дека ако луѓето гледаат меч бокс, шаката им се стега. Ова е типичен невроефект и е заднован на новата технологија за заздравување од мозочен удар, Алцхајмер и други болести поради кои човекот заборава да се движи. Сега се спроведува експеримент во Италија и Германија.
Заклучокот е дека ако невроните на пациентот не се потполно оштетени, тогаш со помош на визиуелен импулс- покажување неопходни акции под одредени услови, може да се активираат нервине ќелии, и да се наведат да ги одржуваат движењата. Оваа метода се вика „терапија на акцијата гелдање“, и во експериментите дава значајно подобрување на рехабилитацијата на пациентите по мозочен удар.
* Што се случува доколку невроните се оштетени?
- Најсериозните оштетувања на невроните се поврзанисо генетските пореметувања. Најчесто тоа се случува со авутизмот. Бидејчи механизмот „рефлексија“ на постапките и чувствата на другите е уништен во мозокот на овие пациенти, аутистичните едноставно не можат да разберат што прваат другите луѓе. Тие не се во состојба да сочувствуваат, бидејќи не доживуваат слични емоции кога ќе видат радост или нови искуства. Тие тоа го знаат, и може да ги исплаши, па затоа пациентите со аутизам се обидуваат да се сокријат, да избегнат комуникација.
* Ако успеавте да ја откриете причината за болеста, дали научниците ќе дојат полесно до пронаоѓање на лекот за аутизмот?
- Сметаме дека е можно целосно да заздрават аутистичните деца, ако се почне од многу рана возраст. Во многу рана фаза треба да се покаже многу силна чувствителност, односно сентименталност со таквите деца: мајката и специјалистите, треба многу да разговараат со децата, да ги допираат за да им се развиваат моторичките и емоционалните вештини. Многу е важно да играте со детето, но не да се натпреварувате во игрите, но игри во кои ќе доживеете заеднички упех преку заедничка акција ( пр. детето го влече јажето- ништо не се случува, мајката го влече јажето- ништо не се случува, ќе повлечат заедно- следува награда). Така детето разбира: ти и јас сме заедно- тоа е важно и многу корисно.