Доктори се фотографираат голи: Со месеци молиме за помош

Добивај вести на Viber

Група германски лекари позираа голи за да привлечат внимание на недостатокот на заштитна опрема.

Нивниот протест го нарекоа „Бланке Беденкен“ и велат дека се изложени на голем ризик од коронавирусот, а со месеци сите ги игнорираат нивите повици за помош.

„Ние сме ваши општи лекари.
За да можеме да се однесуваме безбедно со вас, ние и нашиот тим имаме потреба од заштитна опрема и поддршка.

Кога ќе снема и од тоа малку што имаме, ќе изгледаме вака:

фото: blankebedenken

Ние сакаме да бидеме таму за вас. Ние сме во првите редови.

Не сакаме да трошиме од и онака недоволната заштитна опрема на медицински непотребни прегледи ако можеме да го решиме проблемот преку телефон.“

Еден од докторите, Рубен Бернау, општ лекар, за "Ärztezeitung“ вели дека тој и неговиот тим со месеци работат со недостаток на опрема.


Вели дека голотијата симболизира колку сме ранливи без заштита.

Лекарите позирале во нивните ординации криејќи ги интимните делови од телото.

Кристијан Рахенвалд, исто така општ лекар, вели дека инспирацијата за овој протест потекнува од францускиот лекар, Ален Колумби, кој прв пат беше фотографиран во неговата ординација од истите причини.

- Зошто треба да ги шиеме сами маските? Зошто немаме опрема? – прашуваат германските лекари, додавајќи дека сакаат да продолжат да ја извршуваат својата задача, но заштитени.

Германските производители на заштитна опрема го засилија производството, но сè уште има недоволна опрема и лекарите постојано се во недостаток на снабдување со маски, очила, ракавици, престилки и друга неопходна опрема. Состојбата на заштитната опрема варира во зависност од регионот. Недостатокот на опрема најмногу ги погоди областите на Северна Рајна-Вестфалија и Баварија.


извор: blankebedenken