Докторите се бореа и за неа, но и за плодот: Ја спаси тимот на Аџибадем Систина- по ковид инфекцијата, мајката и детето сега се добри
Нермин Али има само 36 години, а борбата со Ковид -19 ја водеше како за двајца. Морала да ја победи и за себе и за детето што го носела во себе. И навистина била храбра за двајцата – успешно.
Од „Аџибадем Систина“ објавија за приказната со среќен исход на нивната пациентка Нермин, но дека Ковид-19 е инфекција со непредвиден развој, за жал, морала да искуси на свој грб. Сега има здраво бебе, таа се чувствува добро, а за тоа најзаслужен е тимот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ каде се лекувала, на чело со д-р Патриција Каламарас. Таа вели дека секоја приказна, секој пациент во ковид-одделот во болницата ѝ е нова борба. Во овој случај освен за пациентката, се бореле и за плодот и тоа дополнително ја отежнувало ситуацијата, затоа што требало да се внимава и на терапијата и на целиот третман.