Моден фокус // Стил Профил
Долче и Габана со дрон ја претставија својата колекција.
Петиот Елемент во светот на модата се дефинитивно модното дуо Долче и Габана !
Големо изненадување на модна ревија: Долче и Габана со дрон ја претставија својата колекција.
Модните креатори секоја сезона се обидуваат на модните ревии да направат нешто оригинално, единствено и неочекувано.
Овојпат, својата оригиналност не ја покажаа со облеката. Иноватиноста ја доловија на поразличен начин. На модната ревија брендот Долче и Габана во Милано ја покажаа колекцијата за жени за есен и зима 2018/2019.
Меѓутоа, на сцената не се појавиле манекенки туку дронови кои летале и носеле ташни преку модната писта. Оваа е прва ревија со ваков перформанс.