Домаќинки, имате ли време да месите леб?

Деновиве топ тема е цената на лебот. Владата ја замрзна на 33 денари, пекарите вчера не донесоа тазе леб во маркетите, а многу граѓани на социјалните мрежи пишуваат дека и самите можат да си месат леб.

Но, во трката со сите обврски, работа, чување на деца, ги прашавме жените дали практикуваат да месат леб. Светлана Петковска, претседателка на Организацијата на жени на Општина Битола вели дека таа на свои 62 години повремено меси, но смета дека жените денес немаат толку време за да подготвуваат домашен леб. Сепак, објаснува дека ако треба да бираат меѓу купен и домашен, би го избрале домашниот леб.

„Темата е многу комплексна и тука станува збор за прашање на време, волја и потреба. Младите сè помалку јадат леб, а старите сè повеќе. Младите жени, мајки, домаќинки, немаат време да месат леб. Дел од нив не знаат да месат. Знам три фамилии кои купија мини фурни, но кратко ги користеа. Ако сакате да направите убав леб, квалитетното брашно е 40 денари килограм, треба да вклучите рерна за да го подготвите, но и да изгубите три часа додека да се замеси, размеси, испече. Дури и во руралните средини, сите жени не месат домашен леб, туку си купуваат. Ако обработуваат ниви, чуваат стока или одат на работа, полесно им е да купат леб. Доколку се работи за двајца луѓе, ако еднаш неделно месат домашен леб, ќе треба да го замрзнуваат и прашање е колку е тоа практично“, рече Петковска.

Славица Паланкова од струмичкото село Муртино вели дека таа не меси леб, туку си купува.

Целата приказна читајте ја на Фактор тука.