Домаќинско осигурување - осигурителна заштита на домот како една од најважните животни инвестиции
Домот е јадрото на секое семејство и наше најбезбедно прибежиште во животот. Имајќи го тоа предвид, како и фактот колку е потребно да се стигне до сопствен дом по мерка на вашето семејство, јасно е дека сигурноста на домот претставува еден од врвните приоритети на секој човек.
Сепак, незгодите и непредвидените ситуации не се реткост и се случуваат многу почесто отколку што можеме да замислиме. Ништо не може да се предвиди, но домот може целосно да се заштити со соодветно осигурување. Токму поради тоа, домаќинското осигурување претставува една од најмудрите и најважни инвестиции во поглед на заштитата и сигурноста на домот.
Кроација осигурување нуди различни пакети за домаќинско осигурување, согласно потребите на секој клиент. Во основниот пакет е опфатен широк опсег од ризици и тоа од пожар, удар од гром, експлозија, молња, град, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација, излевање вода од водоводни и канализациски инсталации и од уреди и цевки од топловодни инсталации, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, провална кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување.
Стандардниот пакет, покрај ризиците од основниот пакет дополнително ги содржи и следните осигурени ризици: излевање вода од водоводни цевки и канализациони инсталации, поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земјата, кршење стакло на прозорците и вратите на станбениот објект.
Третиот пакет на домаќинско осигурување е премиум пакетот, кој покрај ризиците од стандардниот пакет, дополнително опфаќа и излевање вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање на дрво, вандализам, кршење на стакла за застаклени балкони, кршење на санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи, промена на брава и изработка на нови клучеви во случај на изгубени или заклучени клучеви. Овој пакет на осигурување содржи и ситни поправки во домот максимум два пати за времетраење на полисата и во максимален износ од 6.000 МКД.
Домаќинското осигурување на Кроација е вклучено и во сите CROпакети со кои се обезбедува дополнителен попуст на годишната премија. Поволноста кај CRO START, SMARTиSUPERIOR пакетите е што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања, па секој може да најде најповолен пакет за своите потреби. Покрај домаќинското осигурување, во CRO пакетите е опфатено и осигурување на патнички возила, осигурување од незгода, како и здравствено осигурување.
ПР објава