Домашен крем против брчки

Добивај вести на Viber

Овој домашен крем против брчки е добар за сите видови на кожа. Резултатите се видливи веќе по една недела. 

Потребни ви се: 

1 жолчка

2 лажици бадемово масло (можете да го замените и со маслиново масло)

половина лажица квалитетен мед (било кој)

2 лажички медицински вазелин

Вазелинот растопете го на водена пареа. Ќе бидат потребни неколку минути. Тргнете го од шпоретот и додадете ги другите состојки: мед, жолчка и масло. Сите состојки добро измешајте ги. Мешајте неколку минути додека не добиете хомогена смеса. Ставете го кремот во некоја стара кутија, ќе биде доволна од 50 милилитри. Со лесни движења нанесете на чиста кожа. По 30 минути, отстранете ги остатоците од кремата со памук натопен во минерална вода или со влажно марамче.