Домашен сок кој го исфрла шлајмот од децата: Доволно е само една чашка дневно

Овој рецепт е за деца кои со денови кашлаат и од белите дробови им се слуша благо „шуштење“. Имено, една чаша од овој сок ќе помогне да се ослободат од шлајмот и да го зајакнат имунитетот.

Потребно е: 

1 чаша излупен овес (ќе најдете во продавниците за здрава храна), 1 шоља шеќер, 1 чаша вода.

Подготовка

Измијте го овесот, па ставете го во тенџере заедно со чаша вода и чаша шеќер (волумен од 200 ml). Оставете ја смесата да врие неколку минути. Најдобро е да се готви во вечерните часови и да оставите да одстои до утрото.

Во утринските часови, исцедете го овесот.

Примена: 

Секое утро на празен стомак давајте му детето по една ракиена чашка од овој сок 40 дена. Потоа направете пауза од 15 дена, па повторно давајте му секое утро во следните 40 дена.

Детето ќе го исфрли шлајмот од белите дробови и ќе го врати изгубениот имунитет.

Од оваа мешавина (1 чаша овес + 1 чаша вода + 1 чаша шеќер) ќе имате доволно сок за 4 до 5 дена.

Важно е да не прескокнете ниту еден ден така што секое утро детето ќе го пие овој сок и ќе се држите до терминот од 40 дена употреба, па пауза од 15 дена и повторно 40 дена пиење сок.

Откако ќе го поминете овој период, повеќе нема да имате потреба, бидејќи детето нема да биде толку склоно кон настинки и вируси.

Овесот некои го сметаат за сточна храна, но некои за храна на Боговите. Научниците ги откриле придобивките од ова жито што лекува болести и помага при откажување пушење.

Хипократ користел чај за овес за подобрување на имунитетот и за да го стимулира варењето. Современото истражување потврди дека овесот има голем дел микроелементи и витамини кои содржат мајчино млеко.

Лекарите препорачуваат овесна каша како основен појадок за деца и стари лица, бидејќи го храни телото со енергија и го подобрува имунитетот.