Здравје // Рецепти
Домати (пелати) во тегла: Вкусна зимница без конзерванси и адитиви
Ви го пренесуваме најдобриот рецепт за сос од домати на кој
му нема рамен.
Потребни намирници:
-5 кг домати
-100 гр листови магдонос (50 гр босилек)
-2 лажици шеќер
-2-3 лажици сол
-200 мл масло
-10 гр зрна бибер
-Ако сакате луто, можете да додадете неколку пиперки
Начин на подготовка:
Измијте ги доматите, исечете ги одозгора и ставете ги во сад со зовриена вода да се варат 5 минути, а потоа извадете ги во сад со ладна вода. После тоа, излупете го доматот и отстранете го делот каде што е стеблото. Исцедете ги и додадете магдонос, шеќер, сол, масло, бибер и лута пиперка. Измешајте сè со миксер и варете околу 15 до 20 минути. Истурете во тегли и пастеризирајте.
Фото и Видео: Youtube