Доматите и млекото за неа биле луксуз, а сега има милиони: Српската пејачка се присети на тешкиот период
Емина Јаховиќ стана успешна пејачка, но и актерка која ги воодушеви сите кога глумеше во турска серија. Таа денес важи за една од најбогатите пејачки на овие простори, опкружена со луксуз, има милиони кои ги заработила преку децениската естрадна работа и преку нејзиниот козметички бренд, но во минатото не било така.
Таа пораснала со семејството во Нови Пазар, каде што не секогаш имала сѐ што сакала. Таа во една прилика проговорила за нејзиното воспитување кое не било лесно, а како што истакнала доматите некогаш за неа и нејзиното семејство биле луксуз.
„Татко ми и мајка ми немаа никакво наследство зад себе, а како лекари не беа класифицирани како богати и имотни. Се сеќавам, кога горе-долу сите луѓе во Србија живееја тешко, на пример, доматите ни беа луксуз. Јас така гледав на тие работи, во некои ситуации соседите јадат киндер-јајца, гумени бонбони што крцкаат во уста... Сето тоа во моето детство беше недостижно. Мајка ми ставаше млеко и јогурт во замрзнувачот, кои не смеевме да ги допреме, ги чувавме за мрачните времиња, а јас бев вистинска девојка, ги сакав убавите фустани, кои ги наследив од мојата постара сестра. Затоа, сега кога имам, никогаш не се расфрлам. Сакам да купувам, но само она што ќе го носам, не страдам од хирови“, изјавила тогаш Емина и истакнала дека не секогаш себе си се гледа насцената:
„Моја љубов е да пишувам песни и да создавам композиции. Инаку, не планирам и на четириесет години да бидам на сцената. Ќе се занимавам со продукција и музика“.
Емина како тинејџерка била лудо вљубена во извесен Аладин Ѓ. од Нови Пазар. Поради него таа побегнала од дома, но како и многу младешки љубови и оваа не издржала. Во брак поминале само 6 месеци, по што сфатиле дека тоа било грешка.
Вториот пат се омажи за турскиот пејач Мустафа Сандал на кого му роди два сина, а по разводот остана со наследниците да живее во Турција. Тие беа во брак десет години, а се разведоа во 2018 година. Разделбата не поминала лесно, а Емина и Мустафа завршиле на суд поради наводно неплаќање на алиментација за децата, по што тој поднел противтужба.
Мустафа го кажа судбоносното „да“ на својата партнерка Мелис Сутшуруп во 2022 година. Пејачот и неговата 19 години помлада избраничка првпат се венчаа во Рим на 3 јуни, а од 10 до 12 јуни имаа гала прослава во луксузен хотел во Мармарас, за што платија околу 200.000 евра.
Фото: ИнстаграмИзвор: Mondo.rs