Донација од dm дрогерие маркт во вредност од 405.735 денари: Пакети со храна со основни прехранбени намирници донирани на социјално-загрозени семејства со помош на хуманитарната организација „Свети Спас“!

Добивај вести на Viber

По повод светскиот ден „Black Friday“ најголемиот дрогериски ланец во Европа, dm дрогерие маркт, петта година по ред организираше хуманитарна активност, преку која донира 5% од вкупниот дневен промет остварен во сите дрогерии на тој ден во хуманитарни цели. На 24 ноември 2023 година, со помош на купувачите, dm успеа да собере 405.735 денари за хуманитарни цели. Собраните средства од оваа активност беа насочени кон набавка на пакети пакети храна со основни прехранбени производи за социјално-загрозени сограѓани од Република С. Македонија, кои преку хуманитарната организација „Свети Спас“ беа поделени на социјално-загрозени семејства.

„Ние како компанија сме особено задоволни што нашите купувачи ја препознаваат важноста на иницијативата Giving Friday и со задоволство учествуваат во неа. Од година во година одзивот на заедницата се зголемува, а симболично е што на Black Fridayставаме посебен акцент на убавината на дарувањето. Ваквата поддршка не само што овозможува да се донираат значителни средства, туку и јасно укажа на тоа колку е важно да се работи заедно во решавањето на предизвиците со кои се соочуваат нашите социјално-загрозените сограѓани. Затоа секогаш се трудиме да ја активираме силата на солидарноста и подготвеноста на сите нас да придонесеме за подобар живот на оние на кои помошта им е најпотребна“- изјавија од компанијата по повод оваа донација.

Општествено-одговорната компанија dm, под слоганот „Giving is the nеw black“ оваа активност ја спроведува петта година по ред во нашата земја, при која секој Black Friday, наместо попусти, компанијата им нуди можност на своите купувачи да се вклучат во една филантропска активност, во која компанијата донира 5% од вкупниот промет од сите dm дрогерии остварен на овој ден во хуманитарни цели. Активноста „Giving Friday“ како што популарно ја нарекуваат во компанијата, започна во 2019 година со донација кон Клиничкиот Центар во Штип, а минатата година беа донирани 474.000,00 денари во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија.

ПР објава