Досега вакцинирани околу 40.000 граѓани: Направени се нарачки за повеќе од 2 милиони вакцини, но ќе се набавува и од „Торлак“

Добивај вести на Viber

Во Македонија непречено тече процесот на имунизација на населението против корона вирусот. Од почетокот на вакцинацијата заклучно со 18.април се аплицирани околу 40.000 вакцини и тоа од производителите Фајзер/Бионтек, Спутник V, АстраЗенека, како и од кинеските „Синофарм“. Вакциналниот процес почна со здравствените работници од кои 7.020 се вакцинирани со прва и 6.750 со втора доза. Тие се вакцинирани со првите 8000 дози од Фајзер, кои Македонија ги доби како донација од соседна Србија, како и со првите дози од Спутник V.

Од 31 март, кога почна вакцинацијата на населението за лицата над 73 години вакцинирани се 13.575 лица, Најголем дел од нив ја примија вакцината од АстраЗенека, особено и откако Македонија одлучи оваа вакцина да не се аплицира на помлади од 60 години, по случаите во Европа со згрутчување на крвта. Спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“ вратите за масовна вакцинација ги отвори на 5 април, каде досега се се вакцинирани вкупно 18.376 лица, пред се вработени во државната инфраструктура, МВР, АРМ, вработените во градинките и училиштата, медиумските работници, а веднаш по нив стартуваше вакцинацијата на грашаните од возрасната група 74 и 73 години.

Детали на Фактор , тука.