Дознајте за секој хороскопски знак посебно: Зошто жените се вљубуваат во погрешни мажи?
Доколку се прашувате зошто постојано паѓате на
мажи кои се тврдоглави или кои не сакаат да се врзуваат, можеби за тоа се виновни ѕвездите
Знаеме дека не се добри за нас, но.. Одлучивме да ви откриеме какви мажи ве привлекуваат според хороскопскиот знак. Не се најдобар избор, но вие секогаш „паѓате“ на нив.
Овен
Жените родени во знакот на Овен имаат тенденција да паѓаат на мажи кои на почетокот покажуваат интерес, но по некое време се повлекуваат. Често од нив може да слушнете како велат нешто во стилот: „Не сакам сериозна врска сега!“.
Бик
Жените родени во знакот на Бик често премногу им веруваат на луѓето. Затоа понекогаш пронаоѓаат мажи кои изневеруваат и со кои немаат шанси да воспостават нормален однос.
Близнаци
Близнаците имаат неверојатно позитивна енергија, па ги привлекуваат луѓе кои шират негативна. Жените родени во знакот на Близнаци тешко се носат со ваквите личности, но повторно одбираат „емотивни вампири“.
Рак
Раковите имаат тенденција да се жртвуваат за другите. Мажите тоа го забележуваат брзо, а жените родени во знакот на Рак често ги превлекуваат пасивни мажи кои сакаат некој друг да работи наместо нив.
Лав
Жените родени во знакот на Лав понекогаш може да бидат заслепени за материјалните работи. Мажот со прекрасен автомобил, убав стан, кој ги носи на вечера - веќе е на половина пат да ја освои. За жал, тие често наоѓаат мажи што се убави однадвор, но тоа е само фасада, а под нивната убавина лежи нивниот најлош карактер.
Девица
Девиците лесно паѓаат на поранешните парнери кои упорно тврдат дека се промениле. Затоа често даваат уште една шанса и пробуваат одново и одново со истиот партнер, а доцна забележуваат дека воопшто не се променил.