Животна училница // Приказни
Др. Чадиковски: Во 24 часа да ви се оперира 14 месечно дете од тешка срцева мана и да се породите - Слободанка е личност на годината
- 07 Март, 2023
Детскиот хирург др. Владимир Чадиковски кој работи во приватната болница „Аџибадем Систина“, направил среќни многу родители спасувајќи го животот на нивните дечиња.
Така овој пат тој на своите социјални мрежи сподели емотивна приказна за семејство кое си заминало дома со две здрави дечиња.„Во 24 часа ви се оперира 14 месечно дете од тешка срцева мана и да се породите истиот ден со друго здраво дете и се тоа да го издржите емотивно е посилно од сите природни закони. Слободанка е за мене личност на годината. Браво за цел тим!“
Тука е и пораката која семејството ја напишало за докторот.