Др. Грујичиќ: Вакцината ќе ја примам само под еден услов!
Само кога најмалку 70% од светската популација ќе добие имунитет на оваа болест, тогаш ќе можеме да зборуваме за тоа дека почнуваме полека да се враќаме на старото, односно на времето пред појавата на коронавирусот.
Даница Грујичиќ вели дека е среќна што првите дози на вакцините Спутник 5 пристигнаа во Торлак, во Србија каде се проверува нивната безбедност и ефикасност, и додава дека сака да ја прими таа вакцина, но исто така ги советува и другите да ја примаат таа вакцина.
„Само ако Торлак рече да - ќе ја примам“, рече Грујичиќ синоќа за ТВ Прва. Според д-р Горан Стевановиќ, процесот на проверка на вакцината поминува низ неколку фази, и само доколку вакцината е регистрирана во една од земјите кои имаат сериозни системи за контрола, тогаш тој ќе може да знае дека е безбедна.
„За мене е важно тоа што е регистрирано во една од земјите кои имаат сериозни системи за контрола, како што се Америка, Кина, Русија, Франција. . . “ , вели Стевановиќ.
Според него, кога најмалку 70% од светската популација се здобие со имунитет на оваа болест, тогаш ќе можеме да зборуваме за тоа дека почнуваме полека да се враќаме на старото, односно на времето пред појавата на ковид-19.
Фото: screenshoot
Можеби ќе ве интересира:
Моќна порака од д-р Грујичиќ до сите што тврдат дека вирусот не постои!