Моќна порака од д-р Грујичиќ до сите што тврдат дека вирусот не постои!

Добивај вести на Viber

Д-р Даница Грујичиќ, им порача на сите теоретичари на заговор да дојдат и да видат како изгледа да се работи шест часа под скафандер.

„Сите оние теоретичари на заговор кои озборуваат дека нема ковид-19, ајде, ве молам, само дојдете еден ден да видите како изгледа да се работи шест часа под скафандер“, изјави Грујичиќ за РТС.

Како некој што оздравел - го прележал коронавирусот, Грујичиќ им порача на сите, особено на младите, да реагираат на знаците на најобична настинка и веднаш да мируваат, да легнат в кревет.

„Ги молам оние што имаат симптоми, се случува да пијат аспирин за да се испотат, да ја намалат температурата и потоа да излезат. Тие повеќе се плашат од карцином отколку од ковид-19, но апелирам, при први знаци на настинка, легне веднаш и одморете! Само одете во тоалет и вратете се! Пијте витамини Д и Ц, а, сериозните пациенти треба да се јават кај матичните лекари “, апелира докторката.

Грујичиќ посочува дека пациентите на онкологија не смеат да бидат занемарени поради ковид-19 и дека институтот работи со полна пареа.

„Институтот сè уште нема да ја прекинува својата работа, апелираме до оние кои треба да се проверат еднаш или двапати годишно, да почекаат до први декември, да се растеретат малку лекарите, но пред се за заштита на пациентите од ковид-19. Пациентите кои откриле нов тумор, жените кои чувствуваат нешто на градите, треба веднаш да дојдат. Мамографијата ќе работи цело време, правиме што е невозможно, ги замолувам пациентите за трпеливост. Посебно се молам за младите“, рече Грујичиќ.


Можеби ќе ве интересира:

Д-р Грујичиќ: Штом ги почувствувате првите симптоми на ковид-19, сторете го ова! Јас едвај поминав 100 метри!