Др. Гучев: Еве што треба да прават лицата со дијабет за заштита од Ковид-19
Една од поризичните групи изложени на коронавирусот КОВИД-19 се пациентите со дијабет.
Здружението на дијабетичари има снимено неколку видеа со доктори од ендокринологија, со препораки за сите пациенти со дијабет.
Голем број од овие лица сериозно стравуваат од овој вирус, па затоа лекарите за нив даваат поголем број препораки.
Фактор ќе пренесе дел од видеата, со цел лицата болни од дијабет да дојдат до правилни препораки и подобро да се заштитат себе си од коронавирусот.
Еве какви се советите на доктор Зоран Гучев, од ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести.
Во ова време на епидемија и пациентите кои имаат дијабет, можат да бидат заразени од КОВИД-19. Во тој случај може да дојде до дизрегулација на нивниот дијабет. Што треба да правите ако имате дијабет и сте инфицирани со коронавирусот. На прво место, треба да ги следите трите правила. Првото правило е дека секогаш треба да пиете доволна количина на течности. Притоа излишно е да се каже дека овие течности не треба да содржат шеќери.
Второто правило е често да го мерите шеќерот во крвта. Што почесто, тоа подобро. И третото правило е, одвреме навреме, мерите дали во урината имате кето тела....
Слушнете ги и другите препораки.