Драга девојко, заслужуваш многу повеќе од „Јас не сум подготвен“
Знам дека навистина ти се допаѓа. Твојот поглед те издава кога ќе го погледнеш тајносо невидена обожаваност. Мислиш дека тој е толку поразличен од другите со кои си била. Му потонуваш во очите, а колената ти се затресуваат кога се насмевнува. Се чувствуваш како да имаш 16.
Мислиш дека сè ќе заврши со среќен крај. Тоа не те прави ниту глупава или наивна. Ти не бараш љубов по секоја цена, се докажа себеси дека можеш да бидеш сама. Ги носиш лузните од претходните врски во твојот живот, но толку силно веруваш дека овој пат сè ќе биде различно...
"Тој е човекот, само му треба време", си мислиш.
Драга девојко, заслужуваш многу повеќе од тоа. Повеќе од "обична" врска, повеќе од се што тој ти дава. Заслужуваш човек кој те љуби и кој за тебе е подготвен да ти го даде светот без да живееш во минатото. Човек кој те држи не со една туку со двете раце. Ти заслужуваш човек кој е подготвен на се за тебе - таква каква што си!