Драгана Лошкова: Во изолацијата барам експлозија на внатрешен живот

Добивај вести на Viber

Драгана Лошкова, актерка во МНТ, ја заврши театарската сезона пред почетокот на пандемијата со улогата на леди Магбет во истоименaтa Шекспировa трагедија. Постпандемиски, што посакува да биде нејзината прва нова улога?

-Со лесно да помине ова, па да продолжиме да се занимаваме со убави работи. Веќе бевме во подготовки на нова претстава во режија на Васил Христов, на текст кој е комбинација од филмските сценарија „Boogie Nights“ и „Magnolia“, каде ја добив улогата на Амбер. Посакувам оваа претстава која требаше да има премиера на почетокот на април да доживее премиера што поскоро - вели Драгана.

Ова застанато време, низ кое минуваме, за нејзе е, како што вели, „прилика да ги оставиме социјалните мрежи на страна и да се впуштиме во нашиот фантастичен внатрешен свет“.

-На тоа ме асоцираат стиховите на Ацо Караманов. Во Псалм за M-lle Lili, тој во својата осаменост/изолација пишува стихови кои експлодираат со живот.

Еве ја домашната изведба на Псалм за M-lle Lili на Драгана, специјално за Женски магазин:


На нејзиниот ФБ профил деновиве се појави домашно видео во кое Драгана со монологот на Леди Магбет, додека го чека Магбет да се врати од војна, ги мие рацете точно во времетраење на препораката од СЗО. Инаку миењето на рацете е препознатливо за Леди Магбет, која на крајот од трагедијата го прави со цел да ја измие крвта од злоделата со кои е извалкана.



Јасмина Поповска: Го избрав „Декамерон“, сè што е човечко, не ни е туѓо

Јордан Симонов: Сите сме како Алиса, пропаднати во апсурд и надреалност

Драган Спасов Дац: Кога сè ова ќе мине, може ли да си задржиме еден карантински ден во месецот?