Др.Арсенков: Луѓето почнуваат да веруваат во здравството
Д-р. Љубен Арсенков, субспецијалист по дигестивна хирургија, од јануари е прв човек во Клиниката за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје. Назначен е за в.д. директор на 17. јануари годинава. Во изминативе три месеци, кога земјава почна да се справува со пандемијата на корона вирусот, кај народот позната како стара Градска болница, оваа здравствена установа, иако директно не е вклучена во згрижување и третман на пациенти заразени со Ковид-19, успешно се справува со многубројните предизвици. Д-р. Арсеноков, кој повеќе од три децении го носи белиот мантил, конкретно од далечната 1989 кога почнал да работи во одделението за абдоминална хирургија, во интервјуто за Фактор вели дека после толку години се чувствува навистина гордо на својата хумана професија.
Ретки се установите во Скопје кои со децении наназад успеваат да ја ја задржат својата препознатливост и пред се позитивна слика во јавноста. Се чини дека нема граѓанин во Скопје, но и во државата кој не знае или барем еднаш не побарал лекарски третман во (народот) позната старата Градска Болница.
Доколку на Google побарате „градска болница” ќе добиете податоци за сегашната Универзитетска Клиника по Хируршки болести Св.Наум Охридски - Скопје. Не само поради долгиот назив, повеќе поради традицијата кај граѓаните, па ако сакате и кај вработените, таа и денес е препознатлива како стара Градска болница. Инаку станува збор за Клиника за третман на хируршки заболувања, составена од повеќе одделенија: абдоминална хирургија, трауматологија, неврохирургија, пластична хирургија, урологија, детска хирургија, васкуларна хирургија, оделение за интензивно лекување, одделение за анестезиологија и реанимација, одделение за радиодијагностика, биохемиска лабараторија.
На годишно ниво низ амбулантите поминуваат околу 70.000 пациенти со најразлични заболувања. Од нив се хоспитализираат околу 5.000, а кај околу 4.000 се извршуваат хируршки интервенции.
Самата зграда датира од 1931 година и поради специфичностите на градбата повеќе децении беше под заштита како споменик на културата. Колку била под „заштита”, во најмала рака е дискутабилно.
Имајќи го предвид фактот дека станува збор за објект лоциран во самиот центар на градот покрај кој секојдневно поминуваат илјадници граѓани невозможно е а да не се забележи долгиот процес на негово реновирање кој се чини трае со години. Дали и како може медицинскиот персонал да функционира во услови на пандемија?
Пандемијата од Covid-19 ја затекна установата во фаза на реконструкција. Под услов да може да ја наречеме фаза, бидејки трае пет години. Поради таа реконструкција, капацитетот на болнички кревети беше намален за окоу 40%, но ние успешно функциониравме и во такви услови, а особено овие изминати три месеци во актуелната ситуација со вирусната инфекција. Се направи реорганизација, се спроведоа протоколите препишани од Министерството за Здравство и СЗО, формирана е комисија за спроведување и контрола на превземените мерки и можеме слободно да кажеме дека до сега успешно се справувавме со сите предизвици, а предизвици има многу.
Во големиот број негативни вести поврзани со последиците од вирусот Ковид- 19 сепак има и неколку позитивни. Дали можеме да ја посочиме како една од најоптимистичките вратената доверба во здравството?
Што одговори на оваа др. Љубен прочитајте на Фактор.мк.